Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: За секое вработување на директор, јавноста ќе знае се

Заев: За секое вработување на директор, јавноста ќе знае се

Вработувањата на директорите ќе бидат максимално транспарентни, најави премиерот Зоран Заев синоќа во својот двегодишен отчет како премиер во студиото на МРТ.

Тој најави дека кандидатите за директори на која било институција пред изборот ќе бидат објавувани на сите релевантни сајтови. Постапката ќе биде целосно отворена, за јавноста да знае дека нема злоупотреби.

Додаде дека на раководна функција ќе може да биде избран и некој политичар, но граѓаните ќе бидат убедени дека тој ги исполнува критериумите и дека навистина е професионален кадар.

Заев нагласи дека транспарентоста е главниот механизам за спречување злоупотреби. 

„Транспарентност ќе има во сите сфери, не само при процеост на вработувањето во институциите. тангирани ќе бидат и судството, јавните набавки“, рече Заев.


Слично

Поврзани вести