Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за Саздовски: Да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост

Заев за Саздовски: Да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост

Омразата и насилството не и прилегаат на Македонија и одат на директна штета на нашата иднина и на нашата младина, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук по повод смртта на младиот Никола Саздовски, член на навивачката група Комити кој почина откако беше претепан. 

„Апелирам сите да се воздржиме од говор на омраза и од разгорување нетрпеливост. Само така, ќе им дадеме можност на институциите да си ја завршат својата работа, за што се платени од граѓаните. Правдата и толеранцијата во општеството се наши заеднички цели, да се вложиме целосно и одговорно за да ги достигнеме. Изразувам сочувство до семејството на младиот Саздовски, нека почива во мир“- напиша Заев. 


Момчето денеска е погребано, а Комити ми оддадоа почит. 

Слично

Поврзани вести