Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за резолуцијата на Мицкоски: Треба да ги оствариме и нашите стратешки цели, Бугарија разговара со Европа за нашиот идентитет

Заев за резолуцијата на Мицкоски: Треба да ги оствариме и нашите стратешки цели, Бугарија разговара со Европа за нашиот идентитет

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција во Охрид државниот секретар за Европа и Евроазиски прашања на САД, Филип Рикер, не одговори дали власта ќе гласа за Резолуцијата која следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе во Собранието заради дефинирање на македонските црвени линии, но рече дека истовремено треба да се заштитат и македонските државни интереси во преговорите.

- Ќе го заштитите македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но исто така треба да ги заштитиме и нашите државни позиции заради целта - постигнување решение во кое што нема ништо да му фали на нашиот македонски јазик и нашиот македонски идентитет кои што се наша светост. Но мораме низ дијалог, низ дипломатија, низ разговори соодветно поставени, да ги остваруваме нашите стратешки цели. НАТО го остваривме, втората цел е да продолжиме низ поглавјата на ЕУ со нивно отворање. И во такви околности можам само уште еднаш да потврдам дека во Бугарија не разговаравме за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Впрочем и во бугарското соопштение се гледа дека нема ништо, затоа што тоа прашање е адресирано во португалското претседателство. И кога Бугарија разговара на тоа прашање, разговара со Европа. Од Европа очекуваме да ги заштити идентитетите на сите, вклучително и нашиот, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска рече дека во Собранието ќе поднесе Резолуција во која, како што се најавува, ќе бидат дефинирани државните позиции во разговорите со Бугарија. Тој документ, според најавите од опозицијата, ќе биде обврзувачки и владата ќе мора да се движи во неговите рамки. ВМРО-ДПМНЕ го презема овој чекор зашто, како што изјави лидерот на партијата, државата немала црвени линии во процесот во Бугарија и актуелната влада тргувала со идентитетот и јазикот.





Слично

Поврзани вести