Заев за Рашковски: Беше во притвор 40 дена, немам што да коментирам
Премиерот Зоран Заев денеска не ја коментираше одлуката притворот на Драги Рашковски да биде заменет со куќен притвор.
„Знам дека е заменет од притворот во затвор во притвор домашен. Одлуката е донесена вчера, таа е соопштена. Се уште постојат постапки, жалби и слично, право на двете страни. Немам нешто посебно да коментирам. Знам дека беше повеќе од 40-ина дена во притвор, рече Заев во одговор на новинарско прашање да даде коментар за куќниот притвор на Рашковски.
Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски од ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари замина во куќен притвор. Одлуката за замена на мерката Апелација ја донесе вчера. Решението за замена на притворот стигнало и во затворот во Шутка од каде Рашковски беше спроведен дома.
