Заев за процесот со Грција очекува поддршка и од опозицијата
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е добро што се направени исчекори во спорот за името, кои се огромни.
Тој изрази надеж дека за она што е останато за крај, а е многу сериозно и важно, ќе се изнајде решение кое ќе го почитува достоинството на двете земји и идентитетот на граѓаните.
„Јас сакам македонската опозиција и власта заедно да настапат по ова чувствително прашање. Верувам дека сите очекуваме да им гарантираме на граѓаните на РМ добра иднина, и во тоа име ќе смогнеме сили да изнајдеме мудро решение зад кое би застанале буквално сите лидери во државата“- вели Заев.
Премиерот вели дека Владата останува максимално посветена на процесот, но очекува поддршка и од опозицијата.
Слично
