Заев: За претседател ќе видиме по уставните измени
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе размислува за кандидат за претседател на Македонија по спроведувањето на уставните измени, односно комплетирањето на третата фаза во Собранието.
Заев во последно време е популарен во гласините дека е можен претседателски кандидат, но тој не го потврди тоа експлицитно. Последната анкета вели дека тој е фаворит за победа доколку би се кандидирал.
– Нема да ја отвораме темата, ниту, пак, нешто ќе разговараме за тоа во политичките кругови пред одлуката на парламентот за уставните измени – вели Заев на прашање од „Независен“.
Претседателските избори ќе бидат во мај, а до тогаш ќе биде истечен вториот мандат на актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.
Слично
