ЗAЕВ ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ГЛАСАА „ЗА“: Децата на Македонија ќе бидат горди на сите нив
Македонскиот премиер Зоран Заев денеска на Фејсбук им се заблагодари на оние пратеници кои гласаа за уставни измени во петокот на седница.
Тој вели дека децата во земјава еден ден ќе бидат горди на нив.
„Искрено благодарам на сите пратеници за историската одлука која ја донесоа во Собранието. Децата на Македонија ќе бидат горди на сите нив. Сите ќе бидеме горди на нашите пратеници“, пишува Заев.

Според премиерот, овие 80 пратеници покажале одговорност.
Тој очекува дека во иднина ќе има исто така поддршка како што ќе тече процедурата за уставни измени и за реализирање на Договорот од Преспа, кој ќе го отвори патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.
Осум пратеници од опозицијата гласаа позитивно за отворање на Уставот, по што ВМРО-ДПМНЕ од своите редови ги исклучи оние кои гласаа „За“.
Во јануари се очекува да завршат измените на Уставот.
фото Фејсбук
