Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за „Поткуп“: Уште сега судот нека ја донесе ослободителната пресуда

Заев за „Поткуп“: Уште сега судот нека ја донесе ослободителната пресуда

Денеска во судот се гледаше целосната снимка за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. По рочиштето тој пред медиумите изјави дека уште сега може да се прогласи ослободителна пресуда.

- Се гледа дека во разговорот зборуваме за купување на железо, цемент, тули, работна сила, електрична енергија за реализација на црквата. Предметот да финишира, низ судска постапка го разобличивме целиот случај. ЈАсно е дека се работи за монтиран случај. Ја видовме целата снимка - изјави Заев.

Додаде дека неговата одбрана с откажала од тројца сведоци.

- Веќе се е јасно, да не го заморуваме судот, се работи за агент-провокатор. Конечната цел била да ме спречат во објавувањето на бомбите - наведе Заев.

Инаку, иако лидерот на Владата за овој случај најави целосно објавување на снимката пред јавноста, тоа не се случи преку барање на СЈО.

Слично

Поврзани вести