Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за „Побједа“: Македонија да е членка на НАТО, диктаторскиот режим на Груевски не би правел нереди

Заев за „Побједа“: Македонија да е членка на НАТО, диктаторскиот режим на Груевски не би правел нереди

Лидерот на СДСМ,  Зоран Заев смета дека ако Македонија беше членка на НАТО немаше да има нереди какви што се случија неодамна. 

Тој вели дека Mакедонија ќе биде 30- та членка на НАТО. 

Ова Заев го изјави во интервју за весникот „Побједа“ од Црна Гора. Заев рече дека за Македонија членството во НАТО е важно поради тоа што овој воен сојуз, „особено кај нас на Балканот“ овозможува стабилност, безбедност и неповредливост на границите.

„Покрај тоа НАТО е гаранција за раст на економијата, прилив на странски инвестиции. На крајот, Македонија да е членка на НАТО, диктаторскиот режим на Никола Груевски, заедно со неговите спонзори, не би се осмелил да предизвикува нереди, какви што, за жал, имавме прилика да гледаме во последните неколку години“ – изјави Заев.

За спорот со Грција за името, Заев верува дека со дијалог на двете влади, во кој ќе бидат уважени македонскиот идентитет, дигнитет и гордост, ќе се дојде до решение за спорот кој трае со децении. 

„Во тоа, се надевам, ќе помогне и опозицијата, но и граѓаните на Македонија кои, ако биде потребно, ќе ги повикаме на референдум да одлучат за името на државата во која што живеат. Искрено, не знам што очекуваат од нас. Да се изјасниме како Марсовци? Ние сме Македонци и не можеме да бидеме ништо друго“ - рече Заев. 

Тој потсети  дека 123 земји во светот веќе ја признаа државата под името Република Македонија. 

Слично

Поврзани вести