Заев за Пендаровски: Верувам дека сите ќе застанеме зад него
Премиерот Зоран Заев вели дека Стево Пендаровски е натпартиски кандидат за претседател.
„Верувам дека сите ќе застанеме зад него“, рече премиерот Зоран Заев.
СДСМ вечерва од 24 понудени кандидати го избра Стево Пендаровски за кандидат за претседател, кој ќе биде поддржан од владејачката коалиција.
„Веруваме дека ќе докажеме дека избравме исклучително квалитетен кандидат во Стево Пендаровски пред се човек кој ги обединува сите етнички заедници, кој верува во оваа политика, политика на едно општество за сите“, кажа Заев.
Премиерот верува дека тој ќе ја спроведува исклучително добро функцијата претседател. Заев вели дека Пендаровски е европски политичар.
Слично
