Заев за oдносите со Бугарија: Меѓусебната разбирачка сè повеќе е присутна во разговорите
Македонскиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека по изборите во земјава и во Бугарија, можно е да се најде решение со бугарската страна.
Низ дијалог ќе се бара решение.
„Со завршени избори кај нас и завршени избори во Бугарија, тоа е првата причина да имаме добра шанса. Втората причина е што во разговорите се движиме на добар пат. Меѓусебната разбирачка сè повеќе е присутна во разговорите. Тие да не разберат нам, ние да ги разбереме нив и верувам дека низ едни такви разговори, низ дијалог, низ убава дипломатија, низ пријателство и подадена рака ќе го потврдуваме добрососедството, пријателството и соработката со Бугарија кое е означено со Договорот од 2017 година, но во пракса исто така тоа мораме да го гледаме секојдневно кај нас“, изјави Заев.
Од бугарска страна има најави за поинтензивни разговори во периодот кој следи.
По изборите во Македонија и Бугарија, дијалогот ќе добие поинакво значење, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев, во изјава за БНТ. Објаснува дека дека не треба „да се закопаме во минатото, туку да бараме решение во иднината.”Словенија пак бара ЕУ до 2030 година да го прими Западен Балкан.
