Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ЗА „МИНИ ШЕНГЕН“: Нека кажат што пречи, подготвен сум да разговарам

ЗАЕВ ЗА „МИНИ ШЕНГЕН“: Нека кажат што пречи, подготвен сум да разговарам

Премиерот Зоран Заев вели дека дека она што моментално го работи Владата не е ниту мал шенген, ниту мала Југославија.

Вели дека чекањето за ЕУ е доста долго, и затоа треба да направиме нешто за да се подобри животот на граѓаните овде. 

„За вакви прашања треба да дејствувам, да делувам кога можам повеќе“, рече Заев. 

Додава дека Балканот конечно седи на маса со своите лидери и изнаоѓа решенија за проблемите. 

„Чекањето за ЕУ, да станеме европејци, нѐ уби сите. Дотогаш можеме малку повеќе да сработиме сите, што зависи од нас, да отвориме дополнително две ленти, да го отвориме граничниот премин Голо Брдо, полицајците да бидат поефикасни. Ако треба некого да прашам за тоа да го работам, еве нека кажат што им смета, дали е тоа БЕСА, ДУИ, коалициски партнер, некоалициски партнер, власт, опозција. Нека кажат тоа ни смета, не не прашавте за тоа, јас сум подготвен да разговарам веднаш. Ги повикувам сите да кажат против што се. Дали се против тоа што сакаме да ги намалиме за 80 отсто чекањата на границите од што во моментов целиот Западен Балкан губи една милијарда евра годишно?“, изјави Заев.

Академијата на Науките на Косово, реагираше за регионалниот шенген.

Наведуваат дека со фактот дека албанската влада е дел од овој процес, и таа го негира српскиот геноцид над Косово.

Академијата на директен начин го напаѓа албанскиот премиер  Еди Рама велејќи дека единствениот ефект од „малиот Шенген“ е сериозното нарушување на односите Косово – Албанија.

За „мини Шенгенот“ веќе имаше средби во Нови Сад, Охрид и Драч. 

Слично

Поврзани вести