Заев за Мијалков: Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!
Се огласи премиерот Зоран Заев откако екс директорот на УБК по кој се трагаше сам се пријави во судот и кажа дека бил во изолација.
„После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор. Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто! Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана“, порача Заев.

Слично
