Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за листите во Охрид: Ова е порака за нас, ќе зборувам со овие партиски членови

Заев за листите во Охрид: Ова е порака за нас, ќе зборувам со овие партиски членови


Листите од Охрид се порака за нас, за СДСМ, рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на прашање за независната листа за која вчера известија истакнати членови на СДСМ и најавија дека ќе формираат своја изборна листа за претстјните локални избори. Премиерот најавува разговор со овие членови, но потенцира дека Социјалдемократскиот сојуз е единствен“, 

„Но секако сме различни од сите заради разноликоста на нашите ставови, на нашите размислувања и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање. Листите од Охрид се порака за СДСМ, но имаме неполни шест месеци да разговараме, СДСМ со единство ги извојува победите секогаш, рече премиерот Заев. 

Заев очекува и натаму да соработува со Радмила Шекеринска која најави дека веќе нема да се кандидира за партиски функции.

Претседателот на СДСМ додаде и дека е рано да се каже дали за следните локални избори ќе оди во коалиција со партии на Албанците во земјава, но во преден план, како што рече, е Конгерсот кој ќе се одржи во мај.

Фактор вчера објави дека истакнати членови на СДСМ од Охрид, меѓу нив и повеќе долгогодишни советници во Советот на општината формирале Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори. Мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „ОХРИД ПРЕД СЕ“. 

Нивното отцепување на независна листа извори од партијата го толкуваат како израз на таложеното незадоволство во партијата. Тоа се луѓе со кои СДСМ се идентификува во Охрид практично. Дознаваме дека е можно вакви листи да има и во другите градови во земјава. 

Детали овде


Слично

Поврзани вести