Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за крвавиот четврток: Секоја секунда чекав да го изгубам животот

Заев за крвавиот четврток: Секоја секунда чекав да го изгубам животот

Премиерот Зоран Заев денеска во суд изјави дека во Собранието на 27 април влегле луѓе кои без размислување, полни со гнев и омраза почнале да напаѓаат.

Заев рече дека трпеле физички удари и вербални закани. Тој лично имал 6 расекотини, од кои 3 на лицето.

„Тоа траеше безмалку 2 часа. Се закануваа со зборовите: ‘Убиј го Заев! Убиј ги пратениците! Фатете го како можете! Го убивме Села, Заев ти си следниот’“- изјави Заев. 

Премиерот вели дека секоја секунда мислел дека ќе го изгуби животот. 

Заев сведочеше дека некои од напаѓачите кои имале оружје на каишите, правеле гајтани од кабли за да ги фатат и повлечат. Премиерот рече дека ги молел да не ги удираат. 

Кажа  дека тие што сакале да го убијат немале чиста мета и доволно храброст да ја завршат работата.

Слично

Поврзани вести