Заев за коалицијата: Имаме неколку испразнети места во Владата, викендов ќе ги отвориме процесите
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека досега не разговарал со коалиционите партнери и со другите политички партии за евентуално велгување или излегување од Владата.
Очекува за овие прашања да се дискутира во наредните денови, откако, како што вели ќе слегне прашината и сите ќе бидат со ладни глави.
„Сега имаме малку подзапалени политички глави во нашата држава. Се надевам во мирна атмосфера, некаде викендов, да ги отвориме процесите како понатаму заради тоа што имаме неколку испразнети места во Владата – министер, заменик-министер, неколку директори“– рече Заев.
За тоа дали ќе продолжи коалицијата со Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, Заев изјави дека тоа не зависи само од него, туки и од Села, но и од другите коалициски партнери.
Како што изјави, разговори за влегување во владејачката коалиција немало ниту со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ниту со пратеникот Чедомир Саздовски, која ја напушти партијата ГРОМ на Стевчо Јакимовски и најави дека ќе дејствува како независен пратеник.
„Не би сакал да ги форсирам процесите неприродно, туку сакам тие да се случуваат по природен пат. Знам дека имаме мнозинство и без Села, но секој пат сум поборник тоа мнозинство да биде колку што е можно посилно“ - изјави Заев.
Заев вели дека Македонија е исправена пред сериозни одлуки и треба да ги засукаат ракавите и да работат за што е потребно и стабилно и поголемо мнозинство.
