Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за Камчев: Ако снима секаде, можно е да ме снимал

Заев за Камчев: Ако снима секаде, можно е да ме снимал

Премиерот Зоран Заев не знае дали бизнисменот Орце Камчев го снимил и него. 

Не можам да кажам дали ме снимал, ако снима секаде, можно е да ме снимал. Ова го вели премиерот Зоран Заев за Орце камчев во интервју за Фокус.

„Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да имаме слободни состаноци“, вели Заев.

Toj не кажа дали е можно да се снимени и телефонските разговори што ги имал со бизнисменот Камчев и дали нова „бомба“ може да експлодира во јавноста.

„Во снимките што ми ги презентираше Камчев, немаше докази дека Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност“, тврди Заев. 

Италијанскиот новинар Ларис Гајсер најави дека ако судските органи во земјава не си ја завршат работата, тој ќе објави нови материјали за случајот „Рекет“, за кој три лица се во притвор. 

Слично

Поврзани вести