Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за Каевски: Тој навистина не е должен да чита сe што има во материјалот

Заев за Каевски: Тој навистина не е должен да чита сe што има во материјалот

За скандалот со објавената збирка поезија од Агенцијата за млади и спорт, директорот на оваа институција Дарко Каевски денеска ќе има средба со премиерот, Зоран Заев.

Директорот вчера се извини како покровител и потпишувач на проект за млади поети, рече Заев. 

„Тој навистина не е должен да чита сѐ што има во материјалот, ниту, пак, е должен да го провери целиот материјал. Јас како градоначалник имам помагано финансирање на книги, и како комерцијален директор имам помагано во објавување книги. Не сум ги читал сите тие книги и детали и од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе или слично“- изјави Заев. 

Според него, директорот на Агенцијата за млади и спорт е добар кадар, кој покажал добри резултати и добро ја води самата институција.

„Денеска ќе имам состанок, сакам да ги видам сите детали и од тој аспект  заедно ќе донесеме одлука за оваа работа, но споделувам тоа што во моментов го чувствувам“- рече Заев.

Вели дека институциите мораат да бидат внимателни, наведувајќи дека во мал дел од институциите е променета структурата.

Слично

Поврзани вести