Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за името: Ние сакаме до летото да го имаме решено овој проблем

Заев за името: Ние сакаме до летото да го имаме решено овој проблем

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека решение за спорот што Грција го има со нашето уставно име може да се најде ако се води сметка за достоинството и за идентитетот. 

Заев очекува Македонија и Грција до летото да дојдат до решение за кое се надева дека ќе биде прифатено од јавноста и од институциите на двете земји. По состаноците со странските гости, Заев најавува нова домашна лидерска средба.

„Луѓето што преговараат се само поединци, а на крајот институциите на Македонија и на Грција се тие коишто одлучуваат. Верувам дека може да се направи исчекор, можеби не до крај да се реши, но секако да се приближиме зашто деновите и месеците се трошат, а ние сакаме до летото да го имаме решено овој проблем. Верувам дека тоа сака да го направи и грчката страна“- рече Заев.

Кај премиерот има оптимизам за решение за името. 

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас во Скопје доаѓа оваа недела, а Заев најави и средба со медијаторот Метју Нимиц наредната недела.

Горна Македонија, но и Нова Македонија напишани на словенски јазик се во игра од петте предлози во пакетот на Атина, пишуваа деновиве грчките медиуми. 

Слично

Поврзани вести