Заев за името: Не е чудно тоа да се случи дури во септември- октомври
Посакуваме да се најде крај на решението, но се по секоја цена, изјави денеска премиерот, Зоран Заев.
„Не е чудно тоа да се случи дури во септември - октомври. Јас се надевам уште на самитот во јуни да добиеме некакво решение што е посакуввано сценарио од наша страна“ - изјави Заев.
Премиерот вчеравечер телефонски разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, христијан Мицкоски кој бара лидерска средба за досегашните разговори со грчката дипломатија. Заев рече дека во секое време е подготвен да сподели информации за процесот со лидерот на опозицијата за прашањето кое е од национален интерес.
На крајот на јуни на Самитот на Советот на Европа се очекуваат конечни датуми за почеток на преговори за спорот со името.
Слично
