ЗAЕВ ЗА ИМЕТО: Ќе се изнајде решение каде ќе се сочува достинството на двете страни
Премиерот Зоран Заев денеска изрази уверување дека ќе биде изнајдено решение за проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.
Toj рече дека е оптимист околу ова прашање.
„Верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат намера да бидат уште поблиски, ќе се изнајде решение каде ќе се сочува достинството на двете страни, а ќе биде придобивка за граѓаните на двете земји“- рече премиерот.
Заев забележа дека за суштината на разговорите, предлозите, рамката што е испорачана не би требало јавно да се зборува за да не се уништат шансите во преговорите.
„Гледате дека се води транспарентен процес, сакаме национален консензус да го изградиме решението и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат, убеден сум дека ако бидеме внимателни, па и да водиме сметка и за грчката страна ќе најдеме решение за ова прашање што не измачува 25 години“ - вели Заев.
Тој апелираше и до граѓаните и до медиумите да бидат трпеливи.
Грчките медиуми во повеќе наврати лицитираа со повеќе имиња.
