Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за грчки One Channel: Време е Грција да ги промени имињата на патоказите

Заев за грчки One Channel: Време е Грција да ги промени имињата на патоказите

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев во интервјуто за грчката телевизија One Channel, што се емитуваше синоќа на полноќ, изјави дека следен чекор од Преспанскиот договор е комплетната промена на личните документи на граѓаните со новото уставно име, но и дека Грција и натаму има недовршени обврски.

- Оваа година или на почетокот од следната година граѓаните на Северна Македонија ќе го комплетираат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата. Мојата лично е променета со новото уставно име уште пред три години, многу луѓе во меѓувреме си ги обновуваат документите, а крајниот рок е февруари 2024, рече Заев.

Поранешниот премиер рече дека крајниот рок за Грција да ги промени имињата на патоказите е пет години по потпишувањето на Преспанскиот договор.

- Овие патокази водат кон непостоечка земја, бидејќи повеќе не постои таква држава со име ФИРОМ, открива Заев.

 Тој напомена дека Грција се уште не го формирала договорениот Второстепениот Совет и дека меморандумите за соработка со Грција се уште не се донесени во грчкиот парламент.

Заев во интервјуто нагласи дека неговите две деца студираат во Солун, бидејќи тоа е на само 100 километри од неговиот роден град Струмица кадешто сега живее и работи. Додаде дека има бизнис релации со Грција и дека го проширува бизнисот на неговите компании во оваа земја.

Слично

Поврзани вести