Заев за грчки медиуми открива три можни датуми за референдумот
По самитот на НАТО сите политички партии ќе имаат средба во Собранието за да ги утврдиме елементите на референдумот, деталите за прашањето што ќе се постави на референдумот и за карактеристиката на референдумот, вели премиерот Зоран Заев во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА, пренесе МИА.
Според наводите на МИА, Заев изразил надеж дека референдумот ќе биде успешен и ги повторил и можните датуми - 23 септември, 30 септември или 7 октомври, за, како што кажал, „да постои доволно време за да се финализираат сите процеси до крајот на годината“.
„Референдумот, знаеме дека ќе се заврши успешно и се надеваме дека сите ќе бидат мотивирани да придонесат во референдумскиот процес да има најголем успех, бидејќи е многу важен за нашата земја“, кажа Заев во изјавата за грчката новинска агенција АНА-МПА.
