Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗAЕВ ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА: Институциите на системот будно следат и ќе постапуваат

ЗAЕВ ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА: Институциите на системот будно следат и ќе постапуваат

Говорот на омраза некаде е продуциран од политичарите, рече премиерот Зоран Заев во интервју за 1 Тв. 

Тој вели дека ширење на говор на омраза и груби повици не доликуваат на ниту една земја од Балканот, а посебно не на Македонија. 

„Институциите на системот будно следат, работат и ќе постапуваат, без разлика за кого се работи“ - изјави Заев. 

Според него, само така Македонија ќе биде нормална земја каде она што не е во ред се санкционира, а она што е добро се наградува и мотивира. 

Заев за МРТ вели дека ако се демократи, тие не се наивни. 

Додаде дека таму нема промени. За преносот на Илинден рече дека ќе се бара одговорност од МРТ. 

Премиерот повика час поскоро МРТ да почне со реформи внатре. 

Слично

Поврзани вести