Заев за фер избори бара набљудувачи меѓу иселениците
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук упати повик до сите граѓани на Република Македонија кои живеат и работат во странство и кои сакаат да помогнат за фер и демократски избори, да се пријават за нивни набљудувачи во избирачките одбори во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство.
„Помогни им на сите нејзини граѓани да знаат дека тајноста на гласањето е гарантирана и дека законот важи за сите. Ги повикуваме сите граѓани на Република Македонија кои живеат и работат во странство, кои сакаат да помогнат за фер и демократски избори, да се пријават за наши набљудувачи во избирачките одбори во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларните канцеларии на Република Македонија во странство“ - пишува Заев.
За да се пријават заинтересираните потребно е да ги испратите своите контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон и е-mail за контакт) на e-mail: izbori2016.dijaspora@sdsm.org.mk најдоцна до 23 октомври. Тие треба да потенцираат во кое ДКП можат да учествуваат како набљудувач.

