Заев за „Фајненшл тајмс“ тврди дека не е неопходна промена на Уставот за името
„Во секој случај промената на Уставот не би значела конечна гаранција, бидејќи некоја следна влада во иднина би можела повторно да го промени Уставот“.
Oва го истакнува премиерот Зоран Заев во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Заев посочува дека Македонија и Грција се приближуваат кон решение на долгогодишниот спор за името и дека прашањето би можело да биде затворено пред самитот на НАТО во Брисел во јули, годинава. Според него, не е неопходна промена на Уставот на Македонија, на што инсистира Грција.
Премиерот посочува дека предлогот Нова Македонија е неприфатлив, а за другите четири имиња Република Македонија (Скопје), Северна Македонија, Горна Македонија и Вардарска Македонија може да се преговара.
Во врска со поддршката од опозицијата за евентуалниот договор со Грција, Заев посочува дека и во двете земји постои многу национализам, критицизам, луѓе и групи кои се против тоа.
