Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за „Ефимерида тон синдактон”: Загрижен сум бидејќи на крајот гласаат пратениците

Заев за „Ефимерида тон синдактон”: Загрижен сум бидејќи на крајот гласаат пратениците

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон” говори на повеќе актуелни теми поврзани со Договорот од Преспа, но и номинацијата за Нобеловата награда за мир. 

Заев вели дека Договорот од Преспа во иднина не може да се промени, а изразува надеж дека решението меѓу Македонија и Грција ќе добие зелено светло од пратениците и во двете земји. Сепак, премиерот не ја крие и неговата загриженост.

„Да, загрижен сум, како што сум загрижен и за нашето собрание, бидејќи, на крајот, гласаат пратениците“, вели Заев. 

Додава дека според официјалните статистички податоци, во последните 10 месеци трговијата меѓу двете земји се зголемила за 18.7 отсто.

Во однос на процесот кај нас, вели дека во овој момент не знае колку пратеници ќе гласаат „за”, но верува дека ќе бидат над 80. Објаснува дека во тек е процесот на поднесување на амандмани за уставните амандмани

Премиерот, преку грчкиот весник, упатува порака до грчките граѓани дека сите одлуки што се носат од македонските институции се засекогаш.

„Пред сѐ, станува збор за закон и исто така тоа е уставна промена. Го променивме нашиот Устав бидејќи веруваме во подобра иднина за нашите граѓани и за целиот регион и за да пратиме порака до Европа за европски Балкан. И навистина, Грција има право да биде земја лидер на Балканот“, вели македонскиот премиер во интервјуто, пренесе МИА.

За реакциите од опозициите и во Македонија и во Грција, Заев коментира дека тие се идентични.

Во однос на одбивањето на македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов да ја потпише ратификацијата на договорот, Заев вели дека постојат алтернативни можности, но она што сега има предност се уставните измени.

Слично

Поврзани вести