Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за двајца членови на Владата: Тука се само два месеца и веќе се под истрага за корупција

Заев за двајца членови на Владата: Тука се само два месеца и веќе се под истрага за корупција

Премиерот Зоран Заев денеска во обраќање на Самитот „Македонија 2025“ изјави дека двајца членови на Владата која тој ја предводи веќе се под истрага за корупција. Тој додаде дека истрагите се водат врз основа на пријави од граѓани.

„Тука се само два месеца и веќе се под истрага. Други детали не можам да кажам. Наш приоритет е во Македонија да не се појавуваат грешките од минатото, пред сѐ корупцијата. Законот мора да важи за сите. Само така може да се овозможат нови инвестиции“- вели Заев. 

Заев додаде дека активно се борат против корупцијата и дека тоа прашање е многу важно во правец на привлекување на инвестиции.

Tој рече дека субивањето на корупцијата е важно прашање во Македонија и во регионот. 

Слично

Поврзани вести