Заев за буџетот: Целта ни е финансиска стабилизација
Предлог буџетот за 2018 година која Министерството за финансии го претстави минатата недела, според зборови на премиерот Заев претставува буџет за финансиска стабилизација.
„Ова е буџет за финансиска стабилизација. Продолжуваме со земање на кредити кои ќе поддржат само инфраструктурни проекти“, вели премиерот.
Заев наведува дека најмногу вложувања ќе има во училиштата, градинките, библиотеките, капиталните инвестиции во здравство и образование.
Според негови зборови од зголемените акцизи на нафта, цената во Македонија останала најниска во регионот и изнесува 0,8 центи.
Слично
