Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ЗА „БОМБИТЕ“: Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година

ЗАЕВ ЗА „БОМБИТЕ“: Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година

Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали, објаснува претседателот на СДСМ, Зоран Заев за „бомбите“ кои одекнаа денес. 

Тој тврди дека употребил несоодветни зборови во овие аудио разговори. 

„Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициски партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува“, изјави Заев.

Двете снимки со должина од по 36 секунди се слуша гласот на Заев, додека гласот на неговиот соговорник е мутиран.


Во првиот разговор Заев и соговорникот зборуваат за владиката Наум, а во вториот генерално се разговара прво за рејтинзи, а потоа за „Шарената револуција“.

Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија, попладнево застана во одбрана на Заев откако беше објавена аудио снимка во која тој со нессодветен речник зборува за коалиционите партнери.

Откако почна кампањата, објавени се „бомби“ во кои се слушаат разговори на Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, екс директорот на ФЗО, Ден Дончев, а се слуша и гласот на бизнисменот Зоран Милески - Кичеец, осуден во случајот „Рекет“. 

Слично

Поврзани вести