Заев: За 6 месеци можеме да го решиме спорот околу името на Македонија
Македонија е решена во суштина и вистински да се зафати со решавање на спорот за името во првата половина на оваа година. Убеден сум дека е можно да се најде решение за овој спор, но за тоа е потребна подготвеност и од другата страна. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во зградата на Министерскиот совет.
„Токму поради оваа причина решив да ја пречекам Новата година во Солун и да испратам јасна порака дека ние сме политичари, кои сакаме да отвориме затворени врати“, рече тој.
„На овој начин верувам во подобрувањето на вкупната атмосфера за решавање на овој спор. Многу ми беше пријатно што за време на мојот престој во Солун лично ми се јавија како премиерот Алексис Ципрас, така и министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас. Сето ова го потврдува моето верување дека постојат познати можности за решавање на овој проблем“, рече уште премиерот и изрази уверување дека „2018 година може да биде одлична за Македонија“.
„Може да добиеме датум за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ, но да добиеме и покана од НАТО за полноправно членство во Алијансата“, истакна Зоран Заев
Премиерот смета дека „сега не е време за спроведување на нови избори во земјата, туку е време за работа“.
