Заев за 27 април: Во нивните очи се гледаше зло и намера за одземање на животи
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не е тешко да се сетат на 27 април и насилството кое се случи во Собранието пред една година.
Вели домот на граѓаните беше узурпиран од насилство.
Наместо да го отворат вратите за правдата, ги отвориле вратите на пеколот, рече Заев.
„Тие биле подготвени и за ликвидација на некои од членовите на Собранието. Во нивните очи се гледаше зло, чисто зло и намера за одземање на животи“- вели Заев.
Ова тој го толкува како ароганција и желба да се остане на власт.
Вели дека поради присебноста немаше жртви.
По повод една година од крвавите настани во Собранието, денеска прес - конференција одржаа спикерот Талат Џафери и премиерот, Зоран Заев.
Слично
