Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Во „Свети свети Кирил и Методиј“ наставата ќе се одржува на светските јазици, а може и на македонски

Заев: Во „Свети свети Кирил и Методиј“ наставата ќе се одржува на светските јазици, а може и на македонски

Наставата на великотрновскиот универзитет, чиј департман „Свети свети Кирил и Методиј“ ќе се отвори како филијала во Свети Николе, ќе се одржува на еден од светски признатите јазици - англиски, италијански, германски и италијански, или на македонски јазик, рече премиерот Зоран Заев како одговор на пратеничко прашање во Собранието.

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова праша зошто на универзитет рангиран на 3.765 место на Шангајската листа му се дозволува да отвори департман како „добрососетска отстапка“, кога скопскиот „Свети Кирил и Методиј“ е рангиран на 1.816 позиција.

„Во членот 24 од законот за високо образование се вели дека странска виосокобразовна установа која е акредитирана за високообразовна дејност врз однова на одобрение на Владата може на некој од светските јазици да врши дејност на теритопријата на Северна Македонија. 

Ако има интерес од студентите, нема критериум во законот на кое место треба да биде рангиран универзитетот на Шангајската листа. На крајот опцијата е на студентите дали ќе сакаат да се запишат таму или не. 

Законот е јасен, наставен треба да биде англискиот, италијанскиот, германскиот, францускиот. На тие јазици треба да е одобрено. Самиот ректор на универзитетот рече дека на англиски јазик ќе се одржува предавањето, а може тој да биде на македонски јазик. 

Бугарскиот универзитет „Свети свети Кирил и Методиј“ ќе има три програми за постдипломски студии во Македонија: информатика, англиски јазик и регионален развој. Се очекува веќе оваа академска година, да ги посетуваат стотина магистранти и 50-тина докторанти. Ова е дел од програмата на Меѓународниот славјански универзитет, кој има регистрирани кампуси во Битола и во Свети Николе.

Силјановска Давкова имаше и забелешка дека законски овој универзитет за да има филијала во Македонија треба да има најмалку пет програми.



Слично

Поврзани вести