Заев: Во Србија и Албанија бесплатна хоспитализација за македонски граѓани
Премиерот Зоран Заев денеска на потпишувањето на на меморандум за соработка со шефовите на владите на Србија и Албанија - Ана Брнабиќ и Еди Рама рече дека македонските граѓани нема да плаќаат од свој џеб доколку бидат хоспитализирани во овие две соседни земји.
- Македонски граѓанин ако треба да се лекува во една од овие две соседни земји во која е хоспитализиран,таа земја ги превзема трошоците. Доколку наш граѓанин треба да се лекува во Албанија или Србија, нема да треба да плаќа од својот џеб. Исто и граѓаните од Срнија и Албанија нема да плаќаат од свој џеб доколку се затекнат со лекување на нашата територија, рече Заев.
Тој додаде дека утре во рамките на Берлинскиот процес очекува позитивна поддршшка од ЕУ во прогресот на овие три земји во евроинтеграциите, односно почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија.
- Утре Берлинскиот смаит ќе ја испрати пораката на почеток на преговорите, односно отворањето на првите поглавја и првите меѓувладини конференции, порача Заев.
