Заев во Софија заедно со лидерите од Западен Балкан ќе бара пат до ЕУ
Македонскиот премиер ќе присуствува на многу важен состанок за европската иднина на Република Македонија како и на земјите од Западен Балкан кои исто така имаат аспирации за членство во ЕУ: Од средбите во Софија на Заев, балканските лидери и европскиот врв ќе бидат познати идните чекори во процесот на евроинтеграции.
Премиерот Зоран Заев во Софија ќе учествува на работен состанок на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, со шефовите на држави и влади од Западен Балкан.
На состанокот ќе учествуват и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи, членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска полтика Јоханес Хан.
