Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во Софија: Односите меѓу Бугарија и Македонија биле оладени од политички причини

Заев во Софија: Односите меѓу Бугарија и Македонија биле оладени од политички причини

Односите меѓу Бугарија и Македонија биле оладени, исклучиво од политички причини, изјави денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на средбите во Софија. 

Вели дека голем дел од историјата е заедничка, и дека во македонските учебници ќе биде променето она што не е во новиот дух на соработка. Чиј е Цар Самоул не треба да дебатираат политичарите, туку историчарите, смета тој. 

Вчера тој се сретна со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, а попладнето имаше средба со претседателот Румен Радев. На средбата со Борисов, Заев доби поддршка и помош за Mакедонија на патот кон интегрирањето во ЕУ и НАТО, договорија потпишување на договор за добрососедство, што треба да се случи на заедничкото чествување на Илинден во Македонија. Заев најави и многу проекти во инфраструктурата и енергетиката. 

Бугарските медиуми позитивно гледаат на средбата Заев-Борисов. Премиерите се согласија дека историјата треба да обединува, а не да разделува. Заев очекува соработка со Бугарија во секоја област. 

Борисов на 2 август треба да ја посети Македонија. 

Слично

Поврзани вести