Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во Софија најави кога ќе ги стартуваме преговорите со ЕУ

Заев во Софија најави кога ќе ги стартуваме преговорите со ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска при посета во Софија изјави дека Македонија во јуни може да ги почне преговорите со Европската унија.

Со бугарскиот премиер, Бојко Борисов разговараа за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. 

Заев по средбата изјави дека повторно ја изразил својата благодарност бидејќи Борисов и неговиот кабинет за време на претседавањето со ЕУ дале поттик за постигнување на Договорот за Грција за решавање на спорот со името.

Заев вели дека трговијата со Бугарија бележи раст по потпишувањето на Договорот за добрососедство.

Борисов изјави дека во моментов трговската размена меѓу двете земји изнесува 605 милиони евра.

Програма за соработка во областа на културата до 2021 година потпишаа денеска во Софија министрите за култура на двете земји, Асаф Адеми и Боил Банов. 

Тие  положија венци пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во чест на 147-годишнината од раѓањето на Делчев. 

Во владината делегација е и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Слично

Поврзани вести