Заев во Сараево за „Дневни аваз“: Мораме подобро да се поврземе за повеќе да не ценат
За време на денешниот регионален собир на ЕБОР, премиерот Зоран Заев беше пречекан од „Дневни аваз“, за кого рече дека е важно да се зборува за економијата, особено за време на тешките моменти, во насока на решавање на политичките прашања во регионот.
- Се обидуваме да ја подобриме соработката. досега имаме добри резултати во регионот и има добра можност. Сите сакаме поголеми пазари и ги подобруваме условите на нашата сопствена економија.
Важно е, вели Заев, да се искористи капацитетот што досега не го користевме.
- Веројатно сите ние, претседателите и премиерите, имаме истите цели, да ја зголемиме конкурентноста на нашите компании, да инвестираме во зелената економија, да ја подобриме соработката меѓу државите и многу други работи.
Заев, одговарајќи на прашањето за приоритетите на регионот, рече дека економските аспекти се многу важни.
- Треба да сториме повеќе, бидејќи постојат значајни можности. Ова е голема предност, но ни треба помош. Целите се исти - подобрување на конкурентноста и подобрување на животниот стандард. Работиме на отворање на границите и тие да се минуваат за што е можно пократко време на граничните премини. Добро е да имаме патишта и да им веруваме на институциите на нашите соседи - рече тој.
Тој додаде дека енергетските потенцијали се важни и како еден од следните чекори тој ги посочи намалувањето трошоците за роаминг во регионот.
- Мораме да имаме заедничка понуда за Европа со цел да понудиме повеќе производи и поголеми количини. Затоа, важно е да ги поврземе земјите во регионот. Повеќе ќе не ценат ако сите сме подобро поврзани во регионот. За нас е важно да ги зајакнеме приватните компании - рече Заев.
