Заев: Во првите сто дена Влада обезбедени дополнителни една милијарда и 245 милиони денари во Фондот на ПИОМ
По повод сто дена од формирањето на новата влада и нејзиното функционирање, премиерот Заев и се обрати на јавноста преку прес конференција.
Тој посочи дека дадениот збор се претворил во конкретна придобивка дека пред стотина дена почна акцијата за враќање на парите кај граѓаните .
„Оваа Влада уште на стартот се соочи со големиот предизвик да направи ребаланс на Буџетот, во чие креирање,таа не учествуваше.Имавме пет важни одредници, не водеа пет важни принципи: да ги вратиме парите кај граѓаните, да обезбедиме економски развој за подобар живот, да ги направиме институциите во служба на граѓаните, во сите наши одлуки граѓаните да препознаваат отворена и реформска влада и да ја промовираме нашата земја Македонија како пријател на соседите, која цврсто чекори на патот кон НАТО и ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по повод поминатите сто дена од формирањето на Владата“; посочи премиерот.
Првиот човек на Владата потсети и дека се обезбедени дополнителни една милијарда и 245 милиони денари во Фондот на ПИОМ за да се обезбеди непречена исплата на пензиите и трошоците на вториот пензиски столб и уште 200 милиони денари.
