Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Во преамбулата на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ го нема уставното име

Заев: Во преамбулата на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ го нема уставното име

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција рече дека за владеачкото мнозинство е неприфатлива Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поднесена во Собранието за заштита на националните црвени линии, затоа што не се употребува уставното име во истата.

- Во резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, уставно треба да стои Република Северна Македонија. Секоја резолуција има преамбуила, а таму е избегнато уставното име, рече Заев

Премиерот додаде дека Македонија ќе реагира за ословувањето како „северномакедонци“ од страна на Слави трифунов, чија партија „Има таков народ“ победи на парламентарните избори во Бугарија и дека очекува за брзо време да започне имплементацијата на патоказот.

- Многу брзо ќе започне имплементацијата на патоказот, Тоа е нешто што двете пријателски земји ќе ги охрабрува. Очекувам забрзано да започнат проектите во здравствотоп, културата, образованието, спортот, инфраструктурата, додаде Заев и рече дека шансите се 50-50 за формирање на нова бугарска влада.

Слично

Поврзани вести