Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во посета на Германија - за што ќе разговараат со Меркел?

Заев во посета на Германија - за што ќе разговараат со Меркел?

Maкедонскиот премиер, Зоран Заев утре во Берлин ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел. 

Оваа средба е во рамки на официјалната посета на владина делегација на Германија, информираше владината прес-служба.

Оттаму наведуваат дека Меркел и Заев ќе имаат заедничка прес-конференција, а за време на посетата во Берлин предвидено е Заев да се сретне и со претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер.

Првата билатерална средба на Заев со Меркел се одржа во Трст, во јули, лани, на маргините од Самитот „ЕУ – Западен Балкан“.

Меркел тогаш даде поддршка за новата македонска Влада за одлучноста за суштински реформи и за определбата за интеграција на нашата земја во ЕУ.

Слично

Поврзани вести