Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во „Отворено“ - Има рецесија на економијата, но и поголеми приливи во буџетот

Заев во „Отворено“ - Има рецесија на економијата, но и поголеми приливи во буџетот

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 одговараше на прашањата на новинари, експерти, професори, бизнисмени, синдикалци... Голема загриженост за економските политики на Владата искажа Неби Хоџа за првите знаци на рецесија како и за исплатливоста на парите кои се даваат за субвенции во различни сектори. 

„Гледано квартално има рецесија во економијата, но има и зголемени приходи во последните три месеци според кои ќе се прават и буџетските димензии. Немаме големи даночни реформи во овој почетен период туку тоа е резултат на враќањето на слободата како политичка така и економска. Тргнаа постапките кои допрва ќе дадат резултати. Дополнителните пари во буџетот треба да ги прераспределиме назад во стопанството и граѓаните, толку повеќе тоа ќе и враќа на државата, одговори премиерот Заев. 

Исто така Заев посочи дека ќе има поголема поддршка на младите за нивните бизнис идеи и вложувања, ќе се развиваат бизнис инкубатори, а со повеќе средства за младинската гаранција ќе се намали невработеноста и ќе има бенефити и за самите компании.


Слично

Поврзани вести