Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во обвинителството дава исказ за насилствата од 27 април

Заев во обвинителството дава исказ за насилствата од 27 април

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утрово дојде  во Основното јавно обвинителство (ОЈО) да даде исказ како оштетен во крвавиот четврток во Собранието. 

Тој се здоби со повреди на главата од насилниците кои упаднаа во Собранието и ги нападнаа пратениците и новинарите, фрлајќи делови од инвентарот кон нив. Најтешки повреди имаше пратеникот Зијадин Села. 

Во ОЈО се повикани пратениците кои беа присутни за време на насилствата што се случија на 27 април во Собранието. 

Исказ деновиве како сведок даде и пратеникот од ДУИ, Артан Груби. 

Груби кажа дека одговорил на сите прашања. Тој ги повика и другите пратеници кои биле нападнати да го сторат истото и да дадат придонес во расветлувањето на случајот.

Во обвинителството истиот ден беше повикана и пратеничката Шпреса Хадри од ДУИ.

Слично

Поврзани вести