Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во Германија, Меркел не доаѓа во Македонија

Заев во Германија, Меркел не доаѓа во Македонија

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација која на 21 февруари ќе престојува во официјална посета на Сојузна Република Германија, информираа од Владата. 

За време на оваа посета во Берлин, претседателот на Владата на Република Македонија ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

„По средбата, канцеларката Меркел и премиерот Зоран Заев ќе имаат заедничка прес - конференција. Официјалната посета предвидува и средба со претседателот на СР Германија Франк Валтер Штајнмаер“- додаваат од Владата.

Во рамките на агендата на официјалната посета на СР Германија, премиерот Заев ќе има и свое обраќање во централната канцеларија на Фондацијата Фридрих Еберт.

Со ова дефинитивно се демантира денешната информација дека германската канцеларка Ангела Меркел во април за време на Дигиталниот самит ќе го посети Скопје.

Слично

Поврзани вести