Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во Брисел го покани Бајден да го посети Скопје

Заев во Брисел го покани Бајден да го посети Скопје

Премиерот Зоран Заев за време на самитот на НАТО се состана со американскиот претседател Џозеф Бајден, за кого тоа беше првиот состанок на раководството во Алијансата по стапувањето на должноста. Зоран Заев го покани Бајден да го посети Скопје.

Премиерот Заев откри дека имал кратка, но значајна средба со новиот претседател на САД, од кого добил охрабрувачки пораки и најава за посета на Западен Балкан.

- Се сретнав и со претседателот Бајден, имавме можност да разговараме, разговорите беа прво за нашата енергетска врска, што ја правиме заедно преку проектот Александрополи, тоа е американско-грчко-македонски проект, но исто така разговаравме и за посета на Западен Балкан. Ја искористив можноста да го поканам, секако тој позитивно прокоментира, ми рече дека знае за Западен Балкан, работел за Западен Балкан, има целосна поддршка од Соединетите Американски Држави и секако ќе планира посета на неговата агенда. Позитивно беше што тој веднаш беше информиран и веднаш му честиташе на нашето членство во НАТО, рече Заев.

- Разговорот беше навистина пријатен како земји стратешки партнери во областа на вредностите, демократијата, напредокот на сè што значи квалитетен живот овде во Северна Македонија. Бидејќи Америка навистина ги мина сите овие 30 години независност со нивна поддршка, и важно е за мене и за нашиот народ да ја продолжиме таа поддршка. Драго ми е што имавме можност да разговараме со него за важни теми што ги загрижуваат и Америка и Европа, иако не сме членки на ЕУ, верувам дека сите не гледаат исто, всушност, претседателот Бајден го покажа ова преку разговорите, рече премиерот.

Премиерот имаше серија други билатерални средби со лидерите на земјите-членки на НАТО на овој самит, кој е прв за Северна Македонија откако е полноправна членка на Алијансата.

Заев се осврна на другите клучни теми што ја засегнаа северна Македонија дискутирани на самитот, вклучително и односите со Кина, но исто така и средбата со бугарскиот претседател Румен Радев и изгледите на Софија за отстранување на ветото до 22 јуни за преговорите со Европската унија.


Слично

Поврзани вести