Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во Атина, со Мицотакис ќе потпишат договор за интерконекција за пренос на природен гас

Заев во Атина, со Мицотакис ќе потпишат договор за интерконекција за пренос на природен гас

Владите на Македонија и на Грција во Атина ќе го потпишат договорот за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас помеѓу двете земји. Тоа е една од причините поради која премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши од денеска ја започнуваат дводневната работна посета на Атина.

Заев од утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ - 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“ а дискусијата ќе биде на тема подобрување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, регионалната соработка, проширувањето на ЕУ, како и зголемување на трговијата и инвестиции во време на превирања.

Заев ќе присуствува на свеченоста на која ќе се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, а во рамки на официјалната посета, според владината агенда, предвидени се повеќе средби со стопанственици и дипломати, со фокус на економијата и енергетиката.


Слично

Поврзани вести