Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев внимателно ги коментира барањата на Софија

Заев внимателно ги коментира барањата на Софија

Премиерот Зоран Заев вели дека ќе биде внимателен во коментарите со цел да се дојде до решение кое ќе носи придобивки и за двете страни, коментира за македонско - бугарските односи. 

„Гаранцијата на идентитетските прашања е потврдена со договорот за добрососедство со Бугарија“, вели премиерот Заев за последните провокации од Софија со кои се проблематизира и македонскиот јазик. 

Посетата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи следната недела ќе биде претходница на посетата на Заев кон крајот на октомври или почетокот на ноември, потврди денеска премиерот.

Бугарската шефица на дипломатијата,  Екатерина Захариева вели дека добрососедските односи не ги измислила Бугарија и тие се основен услов и критериум за членство во ЕУ. 

Собранието во Бугарија го преименува празникот 24 мај - наместо на се словенската, во  Ден на бугарската писменост.

Предлогот од партијата на Красимир Каракачанов со мнозинство гласови и поддржано од партијата на премиерот Бојко Борисов помина во парламентот. 

Слично

Поврзани вести