Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Владата ќе го негува и унапреди македонскиот јазик

Заев: Владата ќе го негува и унапреди македонскиот јазик

„Ќе се води поголема грижа за правилна употреба на мајчиниот јазик од сите чинители и дејци кои имаат влијание на јавноста (медиуми, телекомуникациски оператори, државни органи и институции) со посебен акцент на правилна употреба на јазикот уште кај најмладата популација во почетниот образовен процес, Владата ќе го поддржи повторното отворање лекторати за македонски јазик на странските универзитети во другите  земји, особено во земјите од ЕУ,  ќе ги засилиме врските со дијаспората и преку финансирање часови по мајчин јазик во државно-конзуларните претставништва, во градови каде е изразен доволен интерес за тоа“.

Ова се дел од мерките на кои се обврза Владата во програма, а денес, нецели 4 месеци по формирањето на новата Влада, ги имаaт и првите сработени активности.

Владата во соработка со истакнати македонисти и експерти во областа, веќе усвои повеќе предлог-мерки што се насочени кон унапредување на состојбата со македонскиот јазик, за чијашто реализација е задолжено Министерството за култура.

Како што информираше премиерот на вчерашната Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот светденес и утре“ по повод отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ се предводува:

-Фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик од сите области, вклучувајќи изработка на академска граматика, речник, правопис, мерка за унапредување на нашето јазично богаство - дијалектолошки и историски проучувања на македонскиот јазик;

-Основање фонд за стипендирање на студирањето македонски јазик на универзитетите во Република Македонија и ревизија на наставните планови и програми по македонски јазик на сите рамништа на образованието;

-Eдноставен и слободен пристап, без надомест, до капиталните дела „Правопис на македонскиот јазик“ и „Толковен речник на македонскиот јазик“. Работата на достапноста на Правописот е во завршна фаза;

-Одбор за стандардизација на македонскиот јазик, во којшто би членувале експерти од катедрите за македонски јазик, од овој институт, од МАНУ, како и истакнати писатели, новинари, лектори...;

-Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура предвидовме да прерасне во Македонистички центар со повеќе функции;

-Обновување на родните куќи или создавање музеи посветени на значајните личности за македонскиот јазик и култура, како и натамошна поддршка на постојните;

Исто така предвидуваат и:

-Основање Фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети и отворање и одржување на лекторатите по македонски јазик на странските универзитети. На терен веќе се разгледуваат можностите за отворање лекторати;

-Центар за постојана обука за лекторите по македонски јазик во странство, како и Школа за подучување по македонски јазик за македонските деца надвор од Македонија;

-Во врска со гостувањата на македонски научни работници и уметници на странските универзитети, со цел да се афирмираат македонскиот јазик и култура се предлага тоа да се прави преку Годишна програма со определен фонд, чиишто членови треба да бидат истакнати македонисти, членови на академската заедница, непристрасни и невладини експерти;

Премиерот посочи дека јазикот е жива материја и најочигледно ќе покажеме дека се грижиме за него, преку начинот како го говориме, како го пишуваме, како го читаме македонскиот литературен јазик. Така даваме пример со каков јазик сакаме да раснат младите генерации.

Слично

Поврзани вести