Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести, радувај се Македонијо

Заев: Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести, радувај се Македонијо

Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук. 

„Попладнево, земјите членки на НАТО одлучија да ни упатат покана Република Македонија да го започне пристапниот процес за членство во Алијансата. Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми. Денес е голем, историски ден, за Република Македонија. Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја. По тој повод, во овој момент гостувам како говорник на конференцијата NATO ENGAGES во рамки на Самитот во Брисел“ - напиша Заев. 


Веста дека Македонија добива покана за НАТО во Брисел беше соопштена попладнево, но секако граѓаните на референдум треба да изгласаат промена на името и на Уставот за да се надмине спорот со Грција. Беше посочено дека ваква шанса се добива еднаш во животот. 

Слично

Поврзани вести