Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев вети реформска влада, вели ова беше тест за Македонија

Заев вети реформска влада, вели ова беше тест за Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека направиле голем чекор напред во демократските процеси според мнозинската волја на граѓаните. 

„Во перидот што претстои процесите ќе продолжат за формирање на нова реформска влада, како што очекува домашната и меѓународната јавност. Одлучно стоиме зад демократските процеси во Македонија. Насилството што се случи вчера не е демократска вредност. Насилието е поттикнато од Никола Груевски, Ѓорѓе Иванов, Трајко Вељаноски. Тие се подготвени за своите интереси да ги жртвуваат граѓанските и државните интереси“ - вели Заев. 

Додава дека се на прав пат и дека си имаат работа со непресметливи луѓе. 

Слично

Поврзани вести